Без никакво бодовно поместување меѓу Струга ТЛ и Шкендија на врвот од табелата по 14. коло во Првата македонска фудбалска лига, откако двете екипи ремизираа со Работнички односно Академија Пандев. Брегалница, некако по традиција, си слави на домашен терен против Тиквеш, овој пат со комбиниран состав, поради настапот во среда во Купот на Македонија, победувајќи со 2-1. А, Македонија ЃП го освои Прилеп триумфирајќи со 1-3 на гостувањето против Победа.

Шкендија киксираше на дуелот против Академија Пандев на домашен терен и покрај тоа што поведе уште од 9. минута благодарение на феноменалната акција со двојно проигрување на Дориев и Елези по која Дориев донесе водство од 1-0.

Но, во второто полувреме по грешката на голманот Захов, Мартин Ѓоргиевски натрча на одбиената топка и донесе израмнување за „пандевци“ и бод по подолго време за тимот на Александар Васоски. Брегалница, во комбиниран состав со неколку младинци а без Мојсов, Ѓорѓиев, Додев… во стартниот тим, славеше против Тиквеш со 2-1 на дуелот на традиционално лутите ривали. Штипјани поведоа уште во 4. минута со голот на Милан Ѓокиќ по одличното проигрување од десната страна од Стефан Коцев.

Во вториот дел, извонреден погодок во 53. минута постигна 18-годишниот Љупче Кудев за водство од 2-0 на Брегалница, за да Тиквеш во 64. минута преку Мишов единствено успее да го ублажи поразот. Македонија ЃП го освои Прилеп победувајќи со 1-3 на гостувањето против Победа. „Лавовите“ први поведоа во 28. минута со голот на Абази, но Победа брзо израмни во 32. минута со погодокот на Ѓурковиќ. Во второто полувреме, уште два гола во мрежата на домашните. Најпрво Скендери погоди во 59. минута за водство од 1-2, а потоа и Алексовски во 81. минута стрелаше за 1-3. Работнички и Струга ТЛ одиграа без победник (1-1) во Скопје. Шаркоски најпрво во 68. минута ги доведе домашните до водство од 1-0. Но, Шабани во 72. минута постигна убав погодок за конечни 1-1. /Екипа.мк/Фото:Гол.мк/

ПМФЛ – 14. КОЛО

Тетово: ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ 1-1

Дориев 9′ – Ѓоргиевски 69′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 1-1

Шаркоски 68′ – Шабани 72′

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 2-1

Ѓокиќ 4′, Кудев 53′ – Мишов 64′

Прилеп: ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-3

Ѓурковиќ 32′ – Абази 28′, Скендери 59′, Алексовски 81′

ВЧЕРА

Скопје: СКОПЈЕ – СИЛЕКС 0-0