Фудбалскиот клуб Шкендија преку официјално соопштение ја извести јавноста дека го прекина договорот со Влатко Стојановски.

Младиот напаѓач по взаемен компромис се раздели со тетовчани и ќе биде во потрага по нова средина за пролетната полусезона. Шкендија му се заблагодари на 25-годишникот за одиграната полусезона во која имаше 14 настапи, даде два гола и запиша една асистенција.

Стојановски ќе го бара својот десетти клуб во кариерата. Досега во странство беше дел од француски Ним и Шамбле, играше во Хрватска за Горица, Дугопоље, Сплит и Неретванац, додека во земјава настапуваше за Металург и Ренова.

Во времето на Игор Ангеловски како селектор, Стојановски одигра и десет натпревари за репрезентацијата на Македонија на кои даде два гола, беше дел од тимот и одигра 12 минути на Европското првенство.

Прикажи повеќе