Американскиот главен епидемиолог и советник на претседателот Џо Бајден, Ентони Фаучи апелираше Кина да пружи увид во информации за шестмина рудари кои се разболеле во 2012 година работејќи во рудник на југозападот од Кина, бидејќи овие податоци би можеле да бидат клучни во напорите да се открие потеклото на вирусот Ковид-19.

Кинеските рудари се на возраст од 30 до 63 години и биле ангажирани за миење на бакарна руда од фекалии од лилјаци во април 2012 година. Неколку недели подоцна биле примени во болница со симптоми на кашлица, температура, главоболка, болка во градите и отежнато дишење. Подоцна тројца од нив починале, пренесува Ројтерс.

Се смета дека овој рудник одалечен околу 1.500 километри од Вухан, е местото каде прв пат е идентификуван Ковид-19.

Податоците за овие рудари се наведуваат во 2013 година во научна работа на Ли Суа, постдипломец на Медицински факултет каде се рзгледуваат симптомите на секој пациент поединечно и се заклучува дека сите биле заразени преку лилјаци со „вирус кој личи на САРС“.

Научниците подоцна во 2012 година при истражување на рудникот пронашле примероци на патогени кај глувци, но со дополнителни истражувања не било можно да се утврди дали и шестмината рудари биле заразени со истиот вирус.