Шестиот антикризен пакет, во кој има и мерки за туристичко-угостителскиот сектор, ќе биде разгледан на денешната владина седница и во текот на денот се очекува да биде презентиран пред јавноста.

– Владата денес ќе го разгледа шестиот пакет мерки за антиковид, во кој има решенија и за угостителите, и набрзо во текот на денот заедно со министрите од екномските ресори ќе објавиме како ќе изгледа мерката и што тоа ќе значи за овој сектор, најави министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција во Владата, коментирајќи го денешниот протест на туристичко-угостителскиот сектор.

– Advertisement –

Бесими уверува дека има пари во Буџетот за реализација и на петтиот и на шестиот пакет мерки, а со ребаланс ќе се реагира за консолидирање на буџетот за целата 2021 година.

Прикажи повеќе