Витамин Д може да се внесе во организмот по природен пат преку сончевата енергија, но тоа е многу мала количина и секојдневното сончање не може да ја надомести. Всушност, тоа е некој вид на хормон-стероид што телото не го добива од храната, туку како резултат на реакцијата која се јавува под влијание на ултравиолетовото зрачење.

Истражувањата потврдиле дека половина од децата помлади од 5 години и 70 отсто од децата од 6 до 11 години имаат ниско или многу ниско ниво на овој витамин. Научниците што се занимаваат со овој проблем тврдат дека им се заканува на 50 отсто од светската популација.

Повозрасните луѓе страдаат од недостиг од витамин Д не само затоа што го занемаруваат сончањето, туку и затоа што неговото производство се намалува со текот на годините. По 70-тата година, намалувањето на продуктивноста достигнува 30 отсто во споредба со помладите организми.

Ова се знаци на недостиг од витамин Д:
1. Склони сте на депресија и промени во расположението.

2. Имате повеќе од 50 години.

3. Имате вишок килограми или голема мускулна маса.

4. Болки во грбот и во коските.

5. Потење на кожата на главата.

6. Болести на цревата.

Како недостигот од витамин Д влијае врз организмот?
Научниците дошле до сознанија дека витаминот Д може да излекува, па дури и да спречи да се заразиме со некои вируси. Едно истражување покажало дека земањето капки на витамин Д во зимскиот период помогнало да се намали бројот на децата што се разболеле од грип. Доволните количини на овој витамин се важен дел од здравиот имунолошки систем. Телото нема да може добро да се бори против бактериите, ако нема доволно витамин Д.

Исто така, некои истражувања покажуваат дека витаминот Д може да ги намали шансите за заболување од мултиплекс склероза. Тоа е болест во која нашиот имунолошки систем го напаѓа централниот нервен систем. Некои истражувања покажуваат дека витаминот Д може да ги ублажи симптомите на оваа болест или да го забави нејзиниот развој.

Покрај тоа, не постои цврст доказ дека витаминот Д и неговите суплементи го намалуваат ризикот од срцев или мозочен удар, но постои надеж дека би можел да спречи болести на срцето.

Колку витамин Д ви треба за да бидете здрави?
Неговото ниво во организмот треба да биде оптимално, и тоа честопати е индивидуално.

Се проценува дека нивото на овој витамин кај здрав човек кој прима доволно ултравиолетово зрачење треба да изнесува 50-70 нг/мл. А ако поминувате повеќе време на сонце, не мора да земате дополнителни витамински додатоци.

Како можете да знаете дали вашето тело добива доволно витамин Д?
За да го знаете тоа, треба два пати годишно да правите анализа на крвта што може да ја направи речиси секој лекар.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.