Актерката Шерон Стоун раскажа за своето трауматично искуство со абортусот кој го имала на 18 години…

Актерката Шерон Стоун (63) во своите мемоари откри дека на 18 години имала абортус, откако забременила поради сексуално неискуство.

За да абортира, Шерон тогаш морала да прејде до државната граница Охајо, бидејќи била премлада за да абортира во Пенсилванија, каде тогаш живеела. Актерката се потсети на стравичните последици кои абортусот ги оставил на неа.

„Крварев и тоа многу повеќе од што требаше. Но тоа беше тајна и немав на кого да му се пожалам. Поради тоа со денови седев во собата и крвавев. Бев слаба и исплашена“, раскажа таа.

Во најновите мемоари актерката го открива и своето блиско искуство со смртта, каде се сеќава дека нејзината душа го напуштила нејзиното тело. Тоа се случило во 2001 година, откако го доживеа мозочниот удар.

Актерката изјави дека тогаш ја напуштила глумата на две години, а дека и биле потребни вкупно седум години за целосно да закрепне од мозочниот удар.

„Луѓето кон мене тогаш се однесуваа на брутално нељубезен начин“, изјави актерката.