Шефот за енергетска политика на Европската унија, Кадри Симсон, остро ја критикуваше најавата на руски Газпром дека ќе го забави снабдувањето во Европа, a членките на блокот ја обвинуваат Москва дека ја користи енергијата како оружје додека води војна против Украина. Газпром вчера соопшти дека протокот на гас во Германија преку гасоводот Северен тек 1 ќе се намали на 33 милиони кубни метри дневно, почнувајќи од денеска. Тоа е половина од сегашните текови, кои веќе се само 40 проценти од нормалниот капацитет.

Advertisements

„Знаеме дека не постои техничка причина за тоа. Ова е политички мотивиран чекор и мораме да бидеме подготвени. И токму поради таа причина, превентивното намалување на нашата побарувачка за гас е мудра стратегија. Симсон ова го изјави при пристигнувањето на денешниот состанок на министрите за енергија на ЕУ во Брисел.

Прикажи повеќе