Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи изјави дека Нејмар не сакал да се врати во Барселона во 2019 година, и покрај големите гласини во тоа време.

Нејмари му се приклучи на ПСЖ во 2017 година за рекордна сума во светот на фудбалот, 222 милиони евра, но беше речено дека тој не е во можност да најде мир и среќа во главниот град на Франција.

Но, неодамна, бразилската sвезда стави крај на гласините и покажа дека се чувствува задоволен во Париз, потпишувајќи нов договор со траење до 2025 година.

Ал-Келаифи инсистира на тоа дека Нејмар никогаш не сакал да си замине.

„Барселона отсекогаш сакала да го врати Нејмар, ова не е тајна. Но, дали Нејмар сакаше да се врати? „Не“, изјави Ал-Келаифи за „Л’Екип“.

„Вистина е дека неговото прилагодување кон Париз и Франција беше нецелосно, но јавете му се сега и тој ќе ви каже колку се чувствува среќен и исполнет денес“.