Прославениот германски фудбалски клуб Шалке 04 остана без победа и во 28-от бундеслигашки натпревар во серија, откако вечерва го загуби мечот од 12. коло против Фрајбург со 2;0.

Гостите славеа на стадионот во Гелзенкирхен со двата гола на унгарскиот репрезентативец Роланд Салај (50, 68).

Шалке последен пат победи на 17 јануари годинава, а доколку серијата без триумф продолжи во следните три натпревари, бундеслигашот од Гелзенкирхен ќе го израмни рекордот на екипата на Тасманија Берлин, која во сезоната 1965-66 имаше 31. натпревари во серија без победа.

Шалке во последните пет натпревари сезонава во Бундеслигата освои само еден бод и е последнопласиран на табелата со четири бодови. (МИА)