Арсенал прави се за да го донесе Михајло Мудрик на стадионот Емирати. Украинскиот талент е голема желба на “Топџиите”, толку што лондонските челници неодамна понудија 62 милиони фунти. Бројка која беше отфрлена од украинскиот клуб кој бара најмалку 100 милиони фунти за 22-годишниот крилен напаѓач.

Advertisements

Всушност, тврдењето на Шахтјор е поврзано со она што пазарот го понуди претходно, бидејќи раководството инсистира дека Мудрик вреди колку Џек Грилиш или Ентони. А, немаат намера да направат ниту една отстапка бидејќи го користат фактот што во игра за крилниот напаѓач е и Челзи.

Откако ја одбија понудата на Арсенал, се очекува „лондонските сини“ да ја претстават својата алтернатива за потписот на Мудрик, додека на овој јануарски пазар се очекува масовно да интервенираат на пазарот, многу блиску до Енцо Фернандез.

Прикажи повеќе