Повикувајќи се на свои извори од Министерството за надворешни работи, порталот „Алмакос“ објави дека Северна Македонија депортирала уште еден руски дипломат минатата среда.
Според „Алмакос“ станува збор за заменик воено аташе А. Шевченко, кој според изворите од МНР, направил недипломатски дејствија.
Пред извесно време уште еден руски дипломат бил депортиран од Северна Македонија поради несоодветни дипломатски активности и дејствија.
Дипломатската војна што Русија се обидува да ја прошири кон северна Македонија се засили, особено по членството на северна Македонија во НАТО.