Северна Кореја усвои закон со кој се дозволуваат превентивни нуклеарни напади, објавија денеска севернокорејските државни медиуми.

Доколку командниот и контролниот систем на националните нуклеарни сили е во опасност да биде нападнат од странски непријателски сили, нуклеарен напад се изведува автоматски и веднаш“, се наведува во законот, пренесува КЦНА.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека со новиот закон Северна Кореја „неповратно се здобила со статус на држава со нуклеарно оружје“.

Северна Кореја изврши серија тестови оваа година и покрај санкциите, вклучително и тестирање на интерконтинентална балистичка ракета.

Американските и јужнокорејските власти предупредија дека Пјонгјанг се подготвува да го изврши седмиот нуклеарен тест.

Прикажи повеќе