Северна и Јужна Кореја утрово првпат истрелаа проектили една кон друга кои, како што пренесува Би-би-си, завршиле во близина на крајбрежните линии на двете земји.

Според информациите, Пјонјанг ноќеска истрелал ракета која паднала на помалку од 60 километри од јужнокорејскиот град Сокчо, а три часа подоцна Сеул возвратил со истрелување на свои проектили.

Како што истакнале од јужнокорејските вооружени сили, станува збор за „неприфатливо“ прекршување на нејзината територија и како одговор истрелале три проектили воздух-земја, за кои официјални лица соопштиле дека паднале во морето на слично растојание покрај северната гранична линија.

Демаркационата линија ја означува грубата средина во морето меѓу Северна и Јужна Кореја, но северот никогаш не ја прифати границата.

Во вторникот Северна Кореја предупреди дека Јужна Кореја и САД ќе ја платат „најстрашната цена во историјата“ доколку продолжат со заедничките воени вежби, кои се сметаат за прикриена закана за употреба на нуклеарно оружје.

Се очекува Северна Кореја наскоро да продолжи со тестирање на нуклеарно оружје по петгодишна пауза, а американските и јужнокорејските разузнавачи велат дека Пјонгјанг ги завршил сите неопходни подготовки.

Најмалку една од севернокорејските проектили, истрелани утрово паднала на околу 26 километри јужно од границата, 57 километри источно од Сокчо и 167 километри северозападно од островот Улеунг.

Тоа ги активирало сирените за воздушен напад на Улеунг, каде што на жителите им било укажано да се евакуираат во подземните засолништа.

Лансирањето веднаш било регистрирано од јужнокорејските и јапонските власти кои брзо ја осудија ескалацијата од Пјонгјанг.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол истрелувањето на проектилите го нарекол „ефикасна територијална инвазија“, иако проектилот паднале надвор од јужнокорејските територијални води и ветил „брз и цврст одговор“.

Околу три часа подоцна, Југот истрелал три проектили воздух-земја од воени авиони во водите во близина на источниот брег на Северна Кореја.

Како што пренесуваат медиумите станува збор за забележителна ескалација на непријателствата на полуостровот во текот на оваа година, каде Северна Кореја истрела над 50 проектили , вклучително и една балистичка ракета што прелета над Јапонија.