Рафаел Надал, е елиминиран во 2. коло на Австралија Опен, откако е поразен од американецот Мекензи Мекдоналд со 0-3 во сетови.

Шпанецот го плати данокот на повредата што го мачи долго време и поради која се очекува наскоро и да ја заврши кариерата, па дури и не успеа да дојде барем до еден сет во пресметката со 65. тенисер на светот.

Надал првите два сета ги загуби со 4-6, додека во третиот даде уште посилен отпор, но на крајот снема сили за 5-7 и конечна елиминација.

Овој резултат беше бурно поздравен од навивачите на Новак Ѓоковиќ, кој сега има чист пат кон десеттата круна во Мелбурн. Надал беше оценет како негов најголем ривал на патот кон тронот во Мелбурн.

Прикажи повеќе