Селекторот на Данска задоволен од победата против Македонија и враќањето на првото место на табелата во квалификациите за пласман на ЕП. Данска и Македонија се на првите две позиции со шест бодови. Сепак, Николај Јакобсен искрен, дека денешната Македонија не е истата со онаа против која играа пред три дена и загубија со 33:29. Секако, вечерва не настапија Кире Лазаров, Филип Миркуловски, Столе Стоилов, а добија шанса неколку млади ракометари.

-Сакавме да победиме на двата меча. Но, имаше голема разлика од тимот со кој игравме денеска од оној во четвртокот. Ќе имаме можност да го освоиме првото место со победа на последните два меча. Тоа беше целта во овие квалификации, вели Јакобсен.