Германскиот тенисер Александер Зверев е во врска со актерката Софија Томала, пишува БИЛД.

Убавата германска актерка е осум години постара од тенисерот, но тоа на Зверев не му е пречка.

Се чини дека ниту на Софија не и пречи бурното минато на тенисерот, односно обвинувањата од поранешните девојки за физичко и психичко вознемирување.