Четири лица загинаа во судир помеѓу два хеликоптери во близина на Златниот брег („Голден коуст“) во Квисленд, Австралија.

Advertisements

Девет патници, пак, се повредени од кои тројца се во критична состојба.

Австралиското биро за безбедност на транспортот веднаш се огласи најавувајќи дека отвора истрага.

Судирот се случил околу 14 часот по локално време, а првичните информации од полицијата во Квисленд се дека до него дошло додека еден од хеликоптерите слетувал, а друг полетувал.

Прикажи повеќе