Милан ја одбил понудата на Пари Сен-Жермен за дефанзивецот Тео Ернандез, објави „Тутоспорт“.

Според италијанскиот спортски весник, „росонерите“ одбиле да го продадат 23-годишниот Французин на Парижаните за 40 милиони евра.

Во сезоната 2020/21, Ернандез забележа 45 настапи за Милан, постигна осум гола и осум асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра.