Шкотските националисти се подготвуваат да издејствуваат уште еден референдум за независност со поддршка од партиите застапници на таквата идеја, кои се мнозинство во шкотскиот парламент, иако британскиот премиер Борис Џонсон рече дека ќе блокира такво гласање.

Advertisements

На првиот референдум во 2014 година. Гласањето беше 55 наспроти 45 проценти во корист на опцијата за останување во Обединетото Кралство, но самиот Брегзит и владиното управување со пандемијата повторно ја подгреаја идејата за независност.

Шкотскиот премиер Никола Стердан рече дека во телефонскиот разговор со премиерот Џонсон, одржан во неделата, му ставила до знаење дека прашањето не е „дали“ ќе има референдум, туку „кога“ тој ќе биде објавен.

Џонсон го има главното овласување да дозволи референдум за независност на Шкотска. Во изјава за „Дејли телеграф“ во понеделникот, тој нагласи дека да се зборува за референдум за независност кога земјата се бори да излезе од пандемијата е неодговорно и непромислено.

Во јануари 2020 година, Џонсон одби да ѝ дозволи на Старџен да одржи втор референдум, посочувајќи дека првото гласање било „еднаш во генерацијата“ и оттогаш го отфрли неколку пати.

Прикажи повеќе