Искусниот дефанзивец на Јувентус, Леонардо Бонучи даде интересна изјава откако Јувентус стигна до Лигата на шампионите во последното коло од Серија А.

Старата дама висеше на конец и ако Наполи ја победеше Верона, Јувентус ќе играше во Лигата на Европа наместо во Лигата на шампионите во новата сезона. Сепак, Старата дама, заедно со Милан, го доби последното коло од сезоната и доби пласман во најелитното клупско натпреварување.

Победата на Јувентус од 4:1 во Болоња беше доволна, бидејќи Верона ремизираше бод на гостувањето кај Наполи, поради што веднаш беше отпуштен тренерот, Џенаро Гатузо.

“Сите беа подготвени за нашиот погреб, тие само чекаа, но ја заборавија гордоста и менталитетот на овој тим, го заборавија мотото на овој клуб. Вистината е дека ова беше турбулентна сезона, имаше подеми и падови, многу изгубени бодови, но на крајот го добивате она што го заслужувате, а ние ја заслужуваме Лигата на шампионите“, напиша Бонучи.

“Ние исто така го освоивме Купот, верувавме во себе до самиот крај, тоа се исплатеше. Свесни сме колку беше тешка оваа година за нашите навивачи. Ќе се сретнеме следната година во нашиот дом – на стадионот Јувентус, на натпреварите во Лигата шампиони. Форца Јувентус “, изјави Италијанецот преку социјалните мрежи,

Ќе има пауза, некои ќе одат на Европско првенство, а потоа започнува новата сезона во Италија, а се поставува прашањето во кој состав и со кој тренер Старата дама ќе го нападне Скудетото, кое во моментов е во сопственост на Интер, по скоро една деценија доминација на тимот од Торино.