Христијан Мицкоски уште еднаш покажува дека е деструктивен политичар, кој прави се да ја оддалечи државата од ЕУ, се вели во реакцијата на СДСМ за неговите изнесени ставови во интервјуто на Алсат телевизија.
Во соопштението се вели:
Секој што работи на блокирање на европската иднина на земјава работи против стратешкиот интерес за членство во ЕУ и против самата Европска Унија
Секој што дејствува против стратешката цел за членство во ЕУ, работи и против македонскиот јазик во ЕУ.
Мицкоски го прави токму тоа и на тој начин работи и против подобар животен стандард, повисок економски раст, повисоки плати и пристап до ново европски фондови.
Мицкоски одработува за туѓи интереси и против ЕУ.
Тоа е поразително за него и за неговата партија.