Градоначалничката Арсовска треба да одговори во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски најавува дека преговарал за набавка на нови автобуси за Град Скопје, велат од СДСМ.
Како преговарал Мицкоски за оваа набавка со пари на скопјани? Како Јанушев и Груевски со кинеските автобуси?, прашуваат од владејачката партија.
-Или како Гордана Јанкуловска и Груевски за набавката на „она на М”? За сите овие криминални и корупциски набавки има предмети пред судовите. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните и за општините и не работат ништо, Мицкоски и 100 пати да прави скапи отчети не може да го сокрие овој факт, велат од СДСМ.