Пишува: Урим Салиу

СДСМ мораше да дојде на власт. Избра да земе со себе и неколку Албанци, преку кои низ еуфоријата на братство-единство влезе во албанските изборни зони.

Познато е дека нејзините односи со Албанците беа “крш” за време на претходните влади. Во борбата за власт, како што тврдеше, против поранешниот режим на Груевски, мораа да имаат сојузник за да се зацврстат бидејќи не можеа да добијат ниту 40 пратеници. Многу партиски лидери ја завршиувсс својата политичка кариера пред да ја започнат.

Потоа најдоа стратегија преку гласовите на Албанците да ја преземат власта која од ден на ден се стеснува, а тоа го направија преку некои Албанци кои денес не ги сакаат ниту тие, а ниту самите Албанци.

Кога СДСМ дојде на власт пред 5 години, факт е дека меѓуетничките односи значително се подобрија, но државата денес има повеќе сиромаштија и бегање на луѓето во страшни размери од невработеноста и социјалните проблеми.

Гледајќи ги последните локални избори кои беа фатални за владејачката македонска партија, тие сфатија дека повеќе не им требаат Албанците од нивната партија. Секој ден некој од ја напушта партијата, слободата и завршува зад решетки под истрага.

Ова е многу алармантно како е можно Албанците од СДСМ да завршат вака во овие нивоа на обвинувања за корупција, а многу други – Македонци во оваа партија да бидат “чисти”. Никој веќе не ги сака Албанците од СДСМ. Ниту СДСМ, ниту Албанците. Се радуваат кога ќе видат како завршуваат како „топовско месо“.

Партијата на Ковачевски, се чини, покрај сомнежите за корупција на Албанците внатре во институциите, го расчистува и овој терен за да се врати во генезата. Таа веќе сфаќа дека ВМРО победува преку национализмот.

ВМРО не се смени од друга страна. Само најде некои албански сојузници со кои одлично соработува и во локалната власт почна да го прави тоа што најдобро знае да прави со Албанците. Ова сценарио го реализира преку Левица и независната кандидатка во Скопје.

Албанскиот јазик им смета на нивните директори, но не и совршениот сојуз со албанските партии на локално ниво.

Само нешто како да се сменило во ВМРО а тоа е нивниот омекнат однос кон народот од 20 проценти.