Градоначалникот Пецаков ќе покрене постапки за клевета, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако СДСМ го повика на одговорност.

Откако СДСМ побара одговорност од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков , поради тоа што се појави на Водици иако бил позитивен на ковид, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ само се обидува да ја дефокусира јавноста од фактот дека со нивната неспособност убиле осум илјади луѓе.

Од партијата велат дека СДСМ фабрикува случај, а Пецаков ќе покрене постапки за клевета.

– Градоначалникот Кирил Пецаков на 19 јануари направил тестирање за КОВИД за потребите од патување во странство со цел добивање на сертификат, а не затоа што чувствувал симптоми. Веднаш по добивањето на резултатот, кој го добил доцна во денот, а на кој бил позитивен се изолирал. Два дена по првиот тест градоначалникот Пецаков прави втор тест, на кој истиот е негативен.И двата теста се спроведени во Центарот за јавно здравје во Охрид, од каде и се шират сите небулози, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно Богданка Кузеска од СДСМ на прес-конференција побара Пецаков да одговара за непочитување на протоколите и свесно ширење зараза, а го повика и лидерот на партијата Мицкоски да одговори зошто молчи за ситуацијата и дали ќе го повика на одговорност својот градоначалник.

Со позитивен тест се изгушкал со сите на Водици, градоначалникот на Охрид наместо во изолација, бил на Водици