„Организацискиот секретар на СДСМ, Митко Трајчулески на состаноци со општинските организации на партијата и координаторите на планските региони ги финишира подготовките за нови оперативни активности на СДСМ, на терен, со граѓаните, секако прилагодени на летниот период.
Рамо до рамо со народот стана одлика на партијата и така СДСМ продолжува и во иднина.
Во изминатите три месеци, реализиравме интензивни теренски активности „Рамо до рамо до победа“, одржавме над 980 средби во исто толку населени места, месни и урбани заедници.
Во тек се повеќе оперативни средби за детектираните потреби на граѓаните, посочените проблеми со соодветни решенија и план за делување во две фази, краткорочно и долгорочно.
Во оваа насока во наредниот ќе следува формирање централни партиски тимови, задолжени за секоја општина, кои заедно со локалните организации на СДСМ и со граѓаните ќе работат на решавање на детектираните потреби или укажани проблеми.
Со над 100 тимови, секој ден бевме меѓу граѓаните, да го чуеме нивниот глас, да зборуваме за нивните потреби. Дополнително, одржавме и 10-тина тематски трибини „Резултати што прават разлика“ на коишто заедно со стручната јавност и со граѓаните разменивме мислења, идеи за креирање нови политики на СДСМ.
Наидовме на одличен прием, граѓаните ни ги пренесоа нивните ставови, дел од нив имаа и конструктивни критики и забелешки кои ние со внимание ги забележавме.
По сите овие забелешки, предлози, посочени проблеми но и добронамерни критики постапуваме одговорно.
Овој период го користиме истите да ги анализираме, да ги систематизираме и за сите нив да најдеме решенија по коишто веднаш ќе постапуваме. Централните тимови ќе имаат клучна улога за ова.
Секако дел од овие предлози, идеи, политики ќе влезат во следната предизборна програма на СДСМ за изборите во 2024 година“, се вели во соопштението на СДСМ.