Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), богато ќе го награди селекторот Герет Саутгејт доколку „Гордиот Албион“, триумфира на Светското првенство во Катар. Англиските медиуми, пренесуваат дека Саутгејт ќе може да смета на 4,6 милиони евра доколку Англичаните станат светски шампиони, што не им успеало од 1966 година.

„Сан“, пишува дека Саутгејт ќе може да смета на награда речиси три пати поголема од понудената за освојување на Светското првенство во Русија во 2018 година.

Тогаш Федерацијата на селекторот му понуди 1,7 милиони евра за освојување на најголемата титула. Инаку, Саутгејт веќе инкасира околу 575.000 евра за пласман на Англија на завршниот турнир кој започнува на 20. ноември.

Саутгејт има договор до 2024 година кој е вреден 6,9 милиони евра годишно. Англија на Светското првенство во Катар е во групата Б со Иран, САД и Велс./makfax/

Прикажи повеќе