Десетици илјади возила влегле во земјава преку граничните премини во последните два дена, а според податоците на Министерството за внатрешни работи, вчера во текот на 24 часа, регистрирани се вкупно 35.607 возила кои ја преминале македонско-српската граница, пишува Алсат.

Од нив, 23.494 автомобили се на влез, додека 12.113 возила ја напуштиле државата. Бројот на влезови и излези и денеска беше голем како во изминативе денови, кога поради големиот број печалбари кои доаѓаат од западните земји за празниците, имаше километарски колони и неколкучасовно чекање за влез во Македонија.

Министерот за здравство во оставка Венко Филипче изјави дека нема да има дополнителни мерки и покрај појавувањето на сојот Омикрон кај нас, кој е регистриран кај патник кој допатувал од Велика Британија.  Тој само порача внимателно да се празнуваат празниците.