Што е заеничко на Дилета Леота и Георгина. Па, веројатно ќе кажете убавината, парите, луксузниот живот. Но, има уште нешто што ги поврзува. Тоа е еден човек, но не е Ибра, не е Роналдо. Тоа е Амадео Себастијани. Станува збор за познат италијански ТВ презентер, познат под прекарот Амадеус, кој организира голем број фестивали и настани на Апенините.

Меѓу останатото и фестивалот Сан Ремо, каде не ги сака Дилета Леота, Георгина Родригез или Алис Кампело, сопруга на Алваро Мората. Тој не сака овие девојки да бидат модератори на Сан Ремо, ниту да се поајават таму.

Дилета Леота била минатата година, зборувала за убавината и предизвикала бројни контроверзии, па поради тоа не сакаат да ја направат истата грешка.
Но, од друга страна несомнено е дека со самото нивно појавување без разлика за каков настан станува збор, сепак добива на популарност.

loading…