Ракометната селекција на Македонија вечерва ќе го има својот деби-настап на Мундијалот во Шведска и Полска, каде ќе се судрат со еден од најсериозните кандидати за златото – Норвешка.

За Македонија ова ќе биде осми настап на еден планетарен собир, а кога во прашање се воведните натпревари, скорот е позитивен. На отворањата на Мундијалите, Македонија  има пет победи и само два порази, од Тунис во Вараждин пред четиринаесет години и од Шведска на последниот собир.

Први натпревари на Македонија на Светските првенства:

1999 Египет: Саудиска Арабија – Македонија 21-28

2009 Хрватска: Македонија – Тунис 24-25

2013 Шпанија: Македонија – Чиле 30-28

2015 Катар: Македонија – Тунис 33-25

2017 Франција: Македонија – Тунис 34-30

2019 Германија и Данска: Македонија – Јапонија 38-29

2021 Eгипет: Македонија – Шведска 20-32

Единственото Светско првенство во кое Македонија не ја мина групата беше она во Египет пред во 1999 година

Прикажи повеќе