Мохамед Салах, најдобриот фудбалер на Ливерпул, навести дека наскоро би можел да го напушти славниот англиски клуб. Започна да „флертува“ со Реал Мадрид и Барселона, велејќи дека тие се двете најдобри екипи во светот.

Претходно се поврзуваше со „кралевите“, а сега таа приказна дополнително ќе се вжешти, особено затоа што Реал бара ѕвезда на тоа ниво и на таа позиција.

– Реал и Барселона се двата најдобри клуба. Кој знае што може да се случи во иднина. Но, во моментов сум фокусиран на тоа како да му помогнам на Ливерпул повторно да ја освои ЛШ и Премиер лигата – рече Салах за шпанскиот весник „АС“.

Не е сигурен уште колку ќе остане на „Енфилд“, со што се најавува можноста за заминување на крајот од сезоната.

– Тешко е прашањето колку долго ќе бидам во Ливерпул. Сè зависи од клубот. Сакам да соборам рекорди и да повторувам успеси – додаде Египќанецот.

Се очекува дека евентуалниот трансфер може да изнесува најмалку 120 милиони евра колку што и вреди играчот според „Трансфермаркт“. Салах има важечки договор со Ливерпул до 30 јуни 2023 година.

ФОТО: Алиоски во тимот на колото заедно со Салах, Рашфорд, Фирмино..!