Градоначалникот на општина Студеничани, Азем Садику, во изјава за бугарската телевизија БТВ изјави дека од преживеаните во несреќата кај „Струма” му било кажано дека уште едно дете се спасило додека горел автобусот, но се вратило да помогне на близок и починало.
Садику изрази надеж дека Бугарија е членка на ЕУ дека таа ќе го расчисти случајот.
„За жал од нашата општина има најголем број загинати. Деветнаесет вчера се погребани, а четворица се преживеани. Вчерашниот ден ден беше многу тажен. Фамилиите успеаја да ги погребаат починатите најблиски. Да не ни се повтори ваква трагедија.И блиските и нас не интересира случајот, и треба да се расчисти. Имаме многу големи сомнежи од тоа што се зборува дека бил без лиценца. Треба да се најде вистината за се и наша мисла е дека тие не загинаа од сообраќајка , туку изгореа. Оние кои преживеаја ги посетив и ми кажаа дека едно дете успеало да излезе од автобусот, но се вратило да извади близок, и тоа загинало. Оваа трагедија мора да се расчисти, бидејќи и онака граѓаните малку веруваат во павна држава. Имаме надеж дека Бугарија е членка на ЕУ и дека таа ќе го расчисти случајот. Не дека вистината ќе ги врати загубени животи. туку да дава надеж на другите да не ни се повторат вакви трагедии“, изјави Садику.