Американската војска синоќа соопшти дека неидентификувани сили истрелале проектил врз база во Сирија во која се сместени американски војници и локални сили, но нема повредени и нападот не предизвикал штета.

„На местото се пронајдени дополнителни проектили“, соопшти Централната команда на американската армија, која ги предводи американските сили на Блискиот Исток, притоа не наведувајќи за кој смета дека е одговорен за неуспешниот напад.

Американските сили беа распоредени во Сирија за време на кампањата на администрацијата на Обама против Исламската држава и тие се партнери со групата предводена од Курдите наречена Сириски демократски сили.

Во Сирија има околу 900 американски војници, повеќето од нив во источниот дел на земјата.