На еден ден пред почетокот на Светското првенство во Египет, голем број позитивни случаи на ковид-19 има во репрезентацијата на САД која е една од учесниците.

Потсетување дека Македонија е прва „резерва“ за настап на Мундијалот, доколку некоја од селекциите го откаже учеството. Најновите информации повторно најавуваат дека можно е нашата репрезентација да биде дел од СП, односно Американците потврдија во својот состав имаат дури 18 заразени со коронавирус.

Тоа го објави и данскиот експерт за ракомет, Расмус Бојсен на својот Твитер профил, иако како што вели не е потврдено.

Репрезентацијата на САД е предводена од Швеѓанецот Роберт Хедин кој изјави дека ќе испрати 12 играчи во Египет, но нема одбрана, со само еден голман.

Сега останува да се види реакцијата од Светската ракометна федерација, дали ќе дозволи Американците во ваква ситуција да игра во тешка група со Австрија, Норвешка и Франција.