Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф денеска оцени дека истекува времето САД повторно да се приклучат на нуклеарниот договор на големите сили со Иран и да ги обноват преговорите бидејќи претседателските избори во Иран се одржуваат во јуни.

Бајден изразил подготвеност да им се придружи на европските партнери и да придонесе за заживување на нуклеарниот договор, од кој неговиот претходник Доналд Трамп еднострано ги повлече САД, но Зариф оцени дека администрацијата на Бајден не направила ништо поразлично од претходната, пренесува Ројтерс.

– Advertisement –

Прикажи повеќе