Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го посети Пустец, каде се сретна со Македонците од Мала Преспа. На средбата се разговарало за положбата и правата на Македонците во Република Албанија, за негувањето и афирмацијата на македонската посебност и македонскиот национален дух, за поголема прекугранична соработка, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се додава:

Република Македонија и Република Албанија негуваат и градат пријателски односи на соработка базирана на обострано почитување.

Посетивме и дел од училиштата кадешто дониравме книги на македонски јазик за деца на училишна возраст.