Украинците пријавија дека вооружени војници одат од врата до врата во окупираните делови на земјата за да собираат гласови за самонаречените референдуми за приклучување кон Русија. Неколку видеа се веже објавени. Една жена од Мелитопол изјавила дека двајца локални соработници пристигнале со двајца руски војници во станот на нејзините родители, за да им дадат гласачко ливче да потпишат. Експертите велат дека самонаречените референдуми, кои се одржуваат пет дена, ќе и овозможат на Русија да полага право – незаконски – на четири окупирани или делумно окупирани региони на Украина. Со други зборови, лажно гласање за анексија, седум месеци по почетокот на руската инвазија.