Рускиот државен регулатор за комуникации Роскомнадзор во петокот ја предупреди компанијата „Волт Дизни ко“, дека во таа земја не смее да го прикажува и промовира краткиот филм „Надвор“, чиј главен лик е хомосексуалец, бидејќи во Русија е забрането да се прикажува содржина која е оценета како штетна за децата .

Роскомнадзор соопшти дека упатиле писмо до „Дизни“ во кое ја предупредуваат компанијата дека е спротивно на рускиот закон да ги изложува децата на содржина што „ги негира нечии семејни вредности и промовира нетрадиционални сексуални односи“.

„Аут“ излезе во САД на каналот „Дизни +“ во мај минатата година. Во продукција на „Дизни и Пиксар“, „Аут“ е седмиот филм од серијата SparkShorts и првиот краток филм на двете компании чијшто главен лик е хомосексуалец.

„Дизни“ не одговори веднаш на барањето за коментар.

 Во Русија, истополовите односи се легални, но законот од 2013 година забранува „ширење пропаганда за нетрадиционални сексуални односи“ меѓу помладата популација.

Организациите за заштира на човековите права го осудија тој закон, велејќи дека тој придонел за зајакнување на негативниот социјален став кон хомосексуалноста.

Еден руски обвинител во понеделникот побара забрана за реклами на Инстаграм од страна на модната куќа „Долче и Габана“ на кои се гледаат истополови парови како се бакнуваат.