Bо Мелбурн се одиграа пет дуели, а фаворитите продолжија според планот. Андре Рубљев за два часа и 11 минути го совлада Даниел Еванс со 3-0 (6-4, 6-2, 6-3). Рускиот ас одигра сигурно, без загубен сет го надигра ривалот и се пласираше во осминафиналето. Првиот сет го реши со еден брејк, по сигурното разменување на гемови. Следеше посигурна игра на Рубљев, па веќе во вториот сет со 6-2 ја удвои позитивата, а третиот одново го доби со еден брејк.

Дуел во фазата на 16 најдобри со Рубљев закажа Холгер Руне. Младиот Норвежанец го совлада Уго Умбер со 3-0. Руне отвори добро, ги доби првите два сета со 6-4 и 6-2, за во третиот францускиот тенисер да избори тај-брејк, меѓутоа фаворитот го доби со 7-5.

На останатите терени Де Минер го совлада Бонци (3-0), Пол беше подобар од Бруксби (3-0) и Волф го совлада Мох (3-0). /Gol.mk/

Прикажи повеќе