Кристијано Роналдо предизвика цунами со интервјуто кај британскиот новинар Пирс Морган во емисијата „Без цензура“. Претходните денови во медиумите се појавија одделни исечоци од разговорот, во кои Португалецот упати сериозни напади кон управата на Манчестер Јунајтед и менаџерот на тимот, Ерик тен Хаг.

Advertisements

Вчера беше објавен првиот дел од големото интервју, а Португалецот призна дека бил многу блиску до потпис со Манчестер Сити. Сепак, на крајот го послушал срцето и се вратил на „Олд Трафорд“.

„Искрено, бев блиску до Сити. Пред две недели Гвардиола рече дека вложиле сериозни напори да ме доведат. Но, ја знаете мојата историја со Манчестер Јунајтед. Моето срце му припаѓа на овој тим и ми кажа каков избор да направам. Ова беше пресудно за мојот избор. Но, би излажал ако кажам дека не бев блиску до договор со Манчестер Сити. На крајот донесов одлука и не се каам за тоа“, изјави Роналдо.

Прикажи повеќе