Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо и во овој преоден рок секојдневно ги полни насловните страници на светските спортски медиуми. Секој нареден ден, нова понуда или нова опција каде би можел да ја продолжи кариерата. Тој не сака да остане во Манчестер Јунајтед затоа што „црвените ѓаволи“ не успеаја да изборат пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

Advertisements

Медиумите во Шпанија тврдат дека се појавила можност Кристијано Роналдо да се врати во Шпанија, но во лутиот градски ривал на Реал Мадрид. Би било навистина бомбастично доколку Португалегот во новата сезона го облече дресот на Атлетико Мадрид.

Тренерот Диего Симеоне е во потрага по напаѓач, а Роналдо и Гризман, заедно со Жоао Феликс, би биле навистина незадржливи во навалната линија на овој шпански прволигаш.

Претходно, Роналдо беше поврзуван и со Челси, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Наполи, Рома, а доби и неверојатна понуда од Саудиска Арабија, која сепак не е негов приоритет.

Извор: топ спорт

Прикажи повеќе