Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, откри дека не сака да гледа фудбал на ТВ екраните и дека неговиот избор на спортови и поинаков.

Имено, ѕвездата на „старата дама“ повеќе сака да гледа бокс или ММА борби, а дека љубовта кон боречките вештини не му е од сега доказ е долгогодишното пријателство со еден од најдобрите кикбоксери на светот, Бадр Хари.

– Фудбалот е мојата страст, но на телевизија сакам да гледам други спортови. Доколку морам да избирам помеѓу фудбалски натпревар и бокс меч или УФЦ борби, со задоволство ги избирам боречките спортови. Кога играв во Манчестер јунајтед, често боксував со тренерот. Мислам дека боксот може да му помогне на секој фудбалер бидејќи ги изострува вашите сетила, вие учите да се движите – вели Роналдо.

Португалецот уште еднаш повтори дека и максимално посветен на одржување на перфектната физичка подготовка.
– Сакам да останам во фудбалот, не сакам луѓето да ме погледнат и да помислат дека некогаш сум бил неверојатен играч, а сега сум спор – додава Роналдо.
Кристијано Роналдо и на 35 години игра во фантастична форма и во новата сезона постигна 14 гола на 11 натпревари во сите натпреварувања.