Кристијано Роналдо е незадоволен во Торино. Италијанските медиуми пишуваат дека тој по завршувањето на сезоната ќе замине од Јувентус. Наводно Манчестер Јунајтед сака да го врати во своите редови, каде што практично Португалецот покажа дека ќе биде една од најголемите фудбалски ѕвезди. Роналдо немал ништо против, но ќе мора да прифати намалување на платата бидејќи Јунајтед не може да ги дозволи оние 30 милиони годишно колку што во моментов добива од Јувентус.