Каталонските медиуми пренесува дека Барселона е спремна на лето да се раздели со Антоан Гризман.

Тој е еден од најплатените фудбалери во тимот, па Барселона сака да се ослободи од неговата висока плата и е спремна да слушне понуди за Гризман.

Најсилен интерес за Французинот покажува Јувентус, кој во Гризман гледа идеална замена за Роналдо, кој е на излезна врата.

Гризман има договор до Каталонците до 2024 година, па Барселона за неговата слобода ќе бара најмалку 60 милиони евра.

Кун Агуеро пристигнува како слободен агент, па заминувањето на Гризман ќе и даде на Барса поголема финансиска слобода на трансфер пазарот.