Кристијано Роналдо едноставно полуде во саботата затоа што му беше поништен чистиот гол на ремито помеѓу Србија и Португалија (2:2) во мечот од 2.коло на квалификациите за СП.

Асот на Јувентус дивееше откако судијата не покажа на центарот, и беше очигледно дека топката ја премина гол-линијата по неговиот удар. Ја фрли капитенската лента и пред судијата да го прогласи крајот, демонстративно отиде во соблекувалната.

Поради сето тоа, тој би можел да биде казнет, ​​бидејќи тоа го налагаат правилата на ФИФА.

Според италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“, Роналдо би можел да биде казнет за неспортско однесување, а доколку се соочи со дисциплинска комисија, би требало да биде среќен доколку добие суспензија од еден натпревар, бидејќи правилата за ваков прекршок се општи и може да добие „подолга суспензија“.

„Здружението или тимовите, како и нивните играчи, службеници или други членови на канцеларијата, мора да ги почитуваат правилата на игра, статутите на ФИФА, правилата на ФИФА, директивите, упатствата и одлуките, што значи дека тие мора да се усогласат во согласност со принципи на фер игра, лојалност и интегритет на играта“, стои во членот 11 од Кодексот.

Соодветно на тоа, ФИФА може да покрене дисциплинска постапка за „навредливо или насилно дело што ги крши принципите на фер-плеј“. Сепак, засега нема соопштенија дали ќе се одвиваат дисциплински постапки.

„Лицето кое ги прекршува правилата може да биде казнето со еден натпревар или подолг период надвор од теренот за неспортско однесување кон противник или некое друго лице“, се наведува во правилникот.

Навистина би било премногу за ФИФА дополнително да ја казни sвездата на Старата дама по штетата што му беше нанесена на него, како и на цела Португалија.