Ромелу Лукаку, има големи шанси да му биде на располагање на тренерот Симоне Инзаги за дуелот со Фиорентина в сабота. Белгиецот е надвор од терените од крајот на август поради повреда на мускулот и има само три настапи од почетокот на сезоната, но сега се чини дека конечно ќе се врати на терените.

Интер првично очекуваше Лукаку да продолжи со тренинзите минатата недела, но потоа снимките покажаа дека тој се уште не е подготвен и неговото враќање беше одложено. Сега, сепак, сите во Интер се надеваат дека тој конечно ќе им се придружи на соиграчите.

Лукаку летото се врати на позајмица во Интер и добро ја започна сезоната, постигнувајќи гол и асистенција на првите два натпревари./Makfudbal/

Прикажи повеќе