Грчките власти ја продолжуваат потрагата по исчезнатото 28-годишно момче Мартин, на Халкидики. Денеска акцијата беше отежната поради силниот ветер. Властите велат дека трагаат според тоа колку им дозволуваат условите.

Advertisements

„Има многу силен ветер и затоа бродовите што излегоа на море и крајбрежната стража не можат да работат. Во моментов ги истражуваме сите можни делници и чекаме да видиме какви ќе бидат временските услови“, изјави еден Член на спасувачкиот тим.

Спасувачките тимови велат дека штом ќе се смири времето ќе стават во функција и подводни дронови. Во попладневните часови во Грција пристигнаа членовите на семејството на момчето кој всушност летово дошол од Соединетите Американски Држави, каде што живеат.

Од МНР велат дека се во постојан контакт со грчките власти.

„Нашите претставници остануваат во интензивни контакти со надлежните институции на Грција и секоја навремена информација ќе биде пренесена. Им благодариме на крајбрежната стража на Грција, воената авијација и локалното население, како и на волонтерите вклучени во потрагата за нивниот придонес и пожртвуваност“, рекоа од МНР

Двајца од трите наши граѓани кои исчезнаа се спасени и се во добра состојба. Според информациите од грчките медиуми, сè започнало кога тројцата, инаку на возраст од 25, 28 и 30 години, славеле роденден, а завчера доцна попладне влегле во морето на плажата Посиди. Но, силните ветрови и струи ги однеле на отворено море./Alsat.mk

Мефаил Исмаили