„Ова е прв пат во мојот живот да се смеам, по загубен натпревар“.

Ова е изјавата на полскиот напаѓач Роберт Левандовски, по поразот од 2-0 на Полска го претрпе од Аргентина, во последниот натпревар од групната фаза. Полска се пласираше како втора во групата, благодарение на подобрата гол-разлика против Мексико.

Advertisements

„Навистина е фантастично што се пласиравме во следната фаза. Успеавме да ја постигнеме нашата цел. Додека нашата игра беше завршена и Мексико се уште играше, не знаевме дали сме се во втората фаза или не“, изјави напаѓачот на Барселона.

Во следниот меч, оној со директна елиминација, Полска ќе се соочи со Франција, светскиот првак. „Очигледно Франција е фаворит за повторно прогласување светски шампион. Како и да е, ќе се забавуваме на теренот, немаме повеќе притисок и ќе дадеме се. Тогаш ќе видиме“, изјави Роберт Левандовски.

Прикажи повеќе