Дефанзивецот Стефан Ристовски за победата над Германија од 2:1 и историскиот успех во Дуизбург порача дека секој фудбалер живее за вакви мечеви. Додава дека дури сега сите сфатиле каков гигант победиле.

За вакви натпревари се живее. Дури сега сфаќаме каков успех направивме. Ние победивме гигант на светскиот фудбал, повеќекратен Европски и Светски шампион. Голем успех за Македонија. Ова треба да ни даде поттик за понатаму, поголема сила и не смееме тука да запреме. Квалитетот и талентот го покажавме на најдобар начин, изјави Стефан Ристовски за официјалната интернет страница на ФФМ.