Заменик капитенот Стефан Ристовски денес одржаа прес-конференција за новинарите, заедно со селекторот Ангеловски. Денес репрезентацијата ќе биде комплетна затоа што се очекува пристигнување на Столе Димитриевски.

„Ова ќе биде натпревар во кој ќе можеме да видиме до каде сме со формата. Словенија е една добра репрезентација, нивниот селектор е одличен и сигурно дека овој дуел добро ќе ни дојде“, изјави Ристовски.

Ристовски ја прокоментира и селекцијата на Австрија која не победи во Скопје со 4:1.

„Кога Австрија не победи со 4:1 во Скопје тоа беше една голема лекција за нас. Ние од тогаш се пласиравме на ЕП и ја победивме Германија, имаме поголема самодоверба. Но, има време до тогаш. Од тој натпревар извлековме многу поуки“, изјави Ристовски.

Стефан Ристовски вели дека македонската публика заслужува да ги гледа по целата оваа пауза поради пандемијата.

„Одамна не сме играле пред публика. Навистина македонската нација заслужи да нè гледа по толку време“, изјави Стефан Ристовски.