Естонскиот тим во зимскиот преоден рок ангажира дури двајца доскорешни играчи на најтрофејниот македонски колектив. Откако вчера и официјално потпис на договорот стави капитенот на „црвено-црните“ Дарко Мицевски, денеска нов член на Рига е Јован Попзлатанов.
Попзлатанов е поранешен млад репрезентативец, а дресот на Вардар го носеше три години.
Мицевски и Попзлатанов се последните двајца фудбалери кои досега си заминаа од Вардар кој има големи финансиски проблеми, претходно „црвено-црните“ ги напуштија Чарлестон (Македонија ЃП), Матеј Цветановски (Шкупи), Мартинага (А. Пандев).